ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Земјотресот во Непал снимен од безбедносните камери

Земјата се тресе, згради паѓаат, а луѓето вознемирено бегаат на сите страни.

Сето ова може да се види на најновата видео снимка објавена на интернет, на која се гледаат неколку минути од разорниот земјотрес кој го погоди главниот град на Непал Катманду и околниот регион.

Во средата, полицијата во Непал потврди дека бројот на загинати лица се искачи на над 5.500 лица.