Свет

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Мајка и дете убиени при гранатирање на Славјанск

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Мајка и дете убиени при гранатирање на Славјанск

Славјанск завиен во црнина од тага за смртта на петгодишниот Арсениј Данченко кој загина во артилериски напад на украинската војска.

arsenij-dete-02

Неговата мајка, Нада истрчала во дворот да го собере детето и со своето тело го заштитила – за жал, не за долго!

Малиот Арсениј на главата имал неколку повреди од гелер. Иако цела екипа од хирурзи цела вечер се бореле за неговиот живот, сепак не успеале.


Во главата на детето биле преброени 30 парчиња гранати со големина од 1 до 5 милиметри. Повеќе од 5 часа се обидувале да го спасат детето, но повредите биле премногу сериозни. Главата на Арсениј била премногу повредена.

За трагедијата да биде поголема, во истиот напад во Славјанск во кој Арсениј би повреден, погинала и неговата 30-годишна мајка Нада.