Вознемирувачко видео: Фудбалер од Конго заработи стравична повреда

Ндеј се здоби со серија тешки повреди, постои опасност да остане парализиран

При еден навидум безопасен старт на голманот на Замалек, Ахмед Ел-Шенави, Ндеј незгодно падна и остана како покосен на теренот.

Според медиумите во Египет, фудбалерот скршил два пршлени, а се здобил и со други повреди на ‘рбетниот столб. Кога пристигнал во болницата Ел-Тагамо во Каиро, имал и крварење во мозокот, како и потешкотии при дишењето.

Иако веднаш била извршена успешна операција, сепак докторите во во болницата не можат со сигурност да потврдат како ќе се опорави фудбалерот од Конго. Во моментов е приклучен на респиратор со чија помош нормално дише, а постои опасност да остане парализиран до крајот на животот.

Трошоците за неговото лекување во целост ќе ги покрие египетскиот клуб Замалек, за што амбасадата на Конго во Каиро изрази огромна благодарност.