Возниацки и братот на Ѓоковиќ заљубени “до уши”

Откако преживеа многу бурни моменти по раскинувањето на љубовната врска со голферот Рори Мекилрој, кој ја остави неколку дена пред закажаната венчавка, таа сега повторно е вљубена.

Нејзино ново момче, иако засега тоа не го потврди ниту едне од нив, е помладиот брат на Новак Ѓоковиќ, Марко.

Тие се соседи во Монте Карло каде се запознале подобро и почнале да се дружат, а потоа пламнала и љубовта.

Дружбата на овие четворица ќе станува се почеста - Марко и Каролин заљубени "до уши"
Дружбата на овие четворица ќе станува се почеста – Марко и Каролин заљубени “до уши”

Марко Ѓоковиќ (24) исто така е тенисер, но засега е далеку од резултатите што ги постигнува Новак. Тој се наоѓа на 1218-то место на АТП – листата.