Возобновени вооружените судири во Мјанмар

Владата во Мјанмар потврди дека од четвртокот армијата ги обновила вооружените судири со бунтовниците од племето Коканг на североистокот на државата.

Како што информираат од Армиската команда, до сега немало посериозни судири со бунтовниците и дека ја повратила конролата на 4 важни стратешки позиции што се наоѓаат во близина на границата на Мјанмар со Кина.

До сега, во судирите што започнаа на 9 февруари загинале 126, а биле ранети 359 воојници. Владините трупи откриле 74 тела на бунтовниците и заплениле поголемо количество оружје и муиција. Уапсени се и 22 лица за кои се претпоставува дека се меѓу водечките фигури на племенското бунтовничко движење во провинцијата Шаен.

Новата армиска акција го става пред испит потпишувањето на договорот за целосен мир во Мјанмар, што како драфт го усогласија властите и претставниците на 19 члената племенска коалиција. Координативното тело на коалицијата на етничките бунтовнички групи денеска онјави отворено писмо до претседателот на Мјанмар Теин Сеин со барање да нареди запирање на воените активности против бунтовниците, а во спротивно ќе се соочи со откажување од потпишувањето на мировната спогодба.