Возовите од Чешка, Словачка и Полска не сообраќаат кон Будимпешта

Сите меѓународни возови од Чешка, Словачка и Полска веќе не можат да патуваат до Будимпешта поради големиот број мигранти на главната железничка станица во унгарскиот главен град.

Возовите наместо тоа го завршуваат патувањето на унгарскиот граничен град Соб, се наведува во соопштенијата на чешките и полските железнички компании.

Патниците, кои не се задоволни од ваквата одлука, можат да ги вратат билетите и да ги добијат парите назад, појаснува полската компанија.

Околу три илјади мигранти се наоѓаат пред железничката станица Келети во Будимпешта со денови. Условите таму се влошуваат и покрај напорите на доброволците да делат храна, лекови и други неоходните средства за мигрантите.

Претходно унгарското Министерство за развој ја одобри денеска одлуката на унгарски железници да ги суспендираат сите меѓународни линии кон Западна Европа.

Унгарската полиција ги симнува бегалците од воз и ги носи во камп

Унгарската полиција го запре првиот воз, за градот Шопрон во близина на границата со Австрија и сите бегалци ги насочи кон градот Бичке, каде што има прифатен центар.

Сите останати патници биле симнати и се качиле на резервен воз.

Мигрантите, удирајќи по прозорците на вагоните, скандираа „Никаков камп, никаков камп“.

Десетина мигранти, легнале на шините на железничката станица кај Бичке, противејќи се на одлуката на унгарската полиција да ги однесе во прифатниот центар, а други се обидувале да и’ побегнат на унгарската полиција.

Десетина мигранти, легнале на шините на железничката станица кај Бичке, противејќи се на одлуката на унгарската полиција да ги однесе во прифатниот центар
Десетина мигранти, легнале на шините на железничката станица кај Бичке, противејќи се на одлуката на унгарската полиција да ги однесе во прифатниот центар
Околу 50 полицајци од безбедносните сили на земјата се распоредени во близина на возот.
Околу 50 полицајци од безбедносните сили на земјата се распоредени во близина на возот.

Околу 50 полицајци од безбедносните сили на земјата се распоредени во близина на возот.

Полицијата испразнила еден од вагоните, а уште пет вагони со мигранти се уште стојат на железничката станица.

Најголем дел од беглците се од Сирија, кои сакаат да избегаат во Австрија или Германија, но без соодветни документи.

Унгарската, германската и австриската полиција формираа заеднички патроли кои ги контролираат возовите кои сообраќаат од Будимпешта до Минхен, додека припадници на унгарската и словачката полиција ги надгледуваат возовоте кои одат кон Братислава.

Прочитајте повеќе:

ВИДЕО: Полицијата измачува бегалци во Унгарија

Затворена меѓународна железничка станица во Будимпешта