Возрасен маж пронајден мртов во Скопје, Швеѓанец најден починат во Добрушево

Тело на возрасен маж е откриено во саботата во скопската населба Илинден, а истовремено шведски државјанин е пронајден мртов во битолското село Донрушево.

На 23.12.2017 година во 14,45 часот Л.Ц.(44) од Скопје пријавила дека откако дошла во населба Илинден, каде живеел нејзиниот татко Ч.Ц.(65), ја сретнала соседката која и кажала дека не го видела татко и околу 10 дена и се сомневала дека можеби истиот се наоѓал во куќата, а неговиот син В.Ц., лице со нарушено ментално здравје, излегувал и влегувал во куќата преку прозор.

Од страна полициски службеници преку отворениот прозор бил забележан Ч.Ц. легнат во дневната соба без знаци на живот.

Од екипа на итна медицинска помош констатирана е смрт.

Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

На 23.12.2017 година во 16,55 часот во Полициско одделение Новаци, Т.П.(34) од селото Добрушево, пријавил дека го пронашол починат Р.Т.(41) од Шведска, со привремен престој во с.Добрушево.

Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Битола. Од првичниот визуелен преглед на телото на починатиот не биле забележани знаци на насилна смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.