Вработен на патарина повреден поради расправија за наплата

Вработен на наплатната рампа Глумово бил повреден откако возач на комбе сакал насилно да помине.

Вчера околу 12 часот настанала расправија околу наплатата меѓу вработениот Г.С. (1966) и непознато лице кое го управувало комбето. Притоа, сопатникот од возилото насилно ја отворил рампата по што вработениот излегол од кабината за да ја затвори рампата. Во моментот кога ја затворал рампата, бил удрен од комбето во пределот на десниот колк по што возилото заминало, информира полицијата.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.