Вработен продавал гробни места, а парите ги зел за себе

Педеет и едногодишниот Ј.Р. од Битола, кој бил вработен на Буковски гробишта во ЈП Комуналец доби кривична бидејќи проал 6 гробни места, а парите ги ставил во џеб.

Тој во текот на 2011, 2013 и 2014 година на четири лица од Битола им продал шест гробни места при што парите не ги внел во благајната на ЈП „Комуналец“-Битола, а  согласно договорот за вработување немал овластување да врши продажба ниту да прима уплата за гробни места, со што го оштетил претпријатието во износ од 106.800 денари.