Вработен во банка си присвоил 10 илјади евра од банкарска сметка на клиент

Прилепски газда потпишувал во име на вработените за да добие кредит
Прилепски газда потпишувал во име на вработените за да добие кредит

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ј.С.(55) од Струмица за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување на службена исправа“.

Пријавениот вработен како референт на благајна во Универзална ивестициона банка-Експозитура, Струмица злоупотребувајќи ја својата службена положба, без овластување во три наврати подигнал парични средства во висина од 10.000 евра од сметка сопственост на клиент на банката, а за подигнатите парични средства изготвил банкарски документи-девизни исплати, а на местото на документите назначено за потпис на примателот ставил потпис во име на сопственикот на сметката како тој да ги има подигнато паричните средства.