Вработен во францускиот конзулат во Ерусалим осомничен за доставување оружје на Палестинци

Израел во понеделникот соопшtи дека уапсил француски државјанин, вработен во францускиот конзулат во Ерусалим, под обвинение дека криумчарел оружје за Палестинците.

Во соопштението безбедносната служба Шин Бет наведува дека Французинот го користел дипломатското возило за без ригорозна контрола да ги минува израелските контролни пунктови.

Така, според сознанијата на израелската служба, во најмалку пет случаи прокриумчарил 70 пиштоли и две автоматски пушки преку преминот Ерез на границата меѓу Израел и Појасот Газа на Западниот брег.

Француската амбасада во Тел Авив соопшти во понеделникот дека соработува со израелските власти во овој случај.

„Му приоѓаме многу сериозно на овој случај… и тесно соработуваме со израелските власти во ова прашање“, изјави портпаролот на амабсата на Франција.

Наводно станува збор за 24-годишниот возач Ромен Франк кој е уапсен кон крајот на февруари, а во понеделникот во текот на денот треба да биде изведен пред суд.