Вработен во Комуналец продал пробни места, парите ги ставил в џеб

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.Р.(51) од Битола, вработен во ЈП „Комуналец“-Битола за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во август 2013 година, пријавениот ја злоупотребил својата службена положба и овластување на тој начин што иако немал овластување да врши продажба, на едно лице и продал две гробни места, а паричните средства во износ од 33.000 денари ги присвоил за себе, на штета на ЈП „Комуналец“.