Вработен во МВР доби кривична поради поткуп

Педесетгодишниот Ф.Р.доби кривична пријва бидејќи со нож му нанел исекотини во пределот на вратот на старец од Струга
Стружанец доби кривична за убиство во обид

Педесет и едногодишниот Н.Ц., вработен во МВР-СВР Битола ќе добие кривична пријава бидејќи замал поткуп.

Пријавениот во својство на службено лице, со цел за себе да прибави противправна имотна корист, почнувајќи од 17-ти овој месец, во повеќе наврати барал, а вчера (26.11.) и примил парична награда-поткуп од оштетен граѓанин во износ од 36.000 денари.

Во рамките на своите службени овластувања, пријавениот постапувал по предмет Барање од Основното јавно обвинителство Битола и по истиот не превзел дејствија кои бил должен да ги преземе, односно истиот не изготвил соодветен службен материјал во којшто ќе бидат содржани вистинските факти и докази барани од ОЈО Битола. Пријавениот ветил дека за погорепосочениот паричен надомест ќе изготви службен материјал кој ќе нема правни последици за оштетениот со што го сторил кривичното дело  „Примање поткуп“.