Вработен во општина Охрид лажел дека е болен, а се шетал во странство

Охридски доктор и вработен во општината заработија кривични пријави поради издавање и користење на невистинито лекарско уверение.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична против 52-годишната  докторка   К.С. вработена во ПЗУ „Прима Медика“ и против 49-годишниот Г.С. вработен во општина Охрид, за сторено кривично дело „издавање и употреба на невистинито лекарско или ветеринарно уверение“.

На 22 ноември минатата  година, докторката му дала лекарско уверение на Г.С. за период од 18.11 до 22. 11. 2013 иако знаела дека не е болен.

Лекарското уверение тој го искористил за да го оправда отсуството од работа. Па, додека од Општина Охрид мислеле дека тој е болен, Г.С. бил во странство.