Вработен во пошта фалсификувал потпис и примил туѓа пратка

Кривична пријава е поднесена против И.И. (49) од Гостивар, вработен во А.Д. „Македонски пошти“, кој ја злоупотребил својата положба и присвоил туѓа пратка фалсификувајќи потпис.

Во февруари 2014 година, препорачана пратка од Министерството за транспорт и врски наменета за лице од Гостивар пријавениот не му ја доставил, а во повратницата го фалсификувал неговиот потпис дека наводно оштетениот ја примил пратката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.