Вработен во продавница лажно пријавил украден промет, а парите си ги земал за себе

Полицијата поднесе  кривична пријава против лицето И.С. (18) поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „лажно пријавување“.

И.С. на 11 април во Полициската станица во Драчево пријавил дека на тротоарот од улицата Живко Фирфов во близина на маркетот „Стокомак“ бил жртва на „разбојништво“ при кое му бил одземен еден паричник во кој имало 35.000 денари, (доверени пари од дневен промет од продавницата „Вимбо Комерц“) и два мобилни телефони, иако знаел дека пријавеното кривично дело не е сторено. Тој со намера да ги присвои доверените пари за себе, во Полициската станица во Драчево поднел Записник за примање пријава, со што сторил кривично дело лажно пријавување на кривично дело.

Со цел да се утврдат наводите на пријавениот И.С. полицијата извршила оперативни проверки, при што било утврдено дека кривичното дело „разбојништво“ не е извршено, а доверените пари од дневниот промет И.С. ги задржал за себе, односно противправно ги присвоил и ги сокрил во неговата соба од семејната куќа, со намера подоцна да ги потроши за свои лични потреби. На наков начин тој сторил кривично дело „затајување“, а со цел да го прикрие извршеното кривично дело истиот ден во ПС „Драчево“ лажно пријавил дека му е извршено кривично дело „разбојништво“.

На 11 април полицијата извршила службен разговор и со И.С. пришто тој го признал делото, и појаснил дека лажно пријавил кривично дело со цел да ги присвои доверените пари, а мобилните телфони имал намера да ги чува дома некое време и потоа пак да ги користи.

Со потврда за привремено одземени предмети од пријавениот одземени се 35 банкноти од по 1.000,00 денари и истите со потврда за вратени предмети му се вратени на сопственикот на продавницата „Вимбо Комерц“.