ФОТО: Вработена во Центар за мигранти избодена до смрт од 15-годишен бегалец

Вработена во Центар за мигранти избодена до смрт од 15-годишен бегалец. Дваесетидвегодишната Александра Мезхер беше избодена до смрт во центарот за бегалци во Мулндал во близина на Гетебург, пишува „Дејли експрес“.

Според членовите на семејството таа во кампот работела само неколку месеци. Тие за шведските медиуми изјавиле:

Тоа е ужасно. Таа беше личност што сакаше да прави добро и сакаше да биде добра. Тагуваме. Таа беше толку добра личност, топла и среќна. Таа беше ангел.

Мигрантите што доаѓаат во Шведска понатаму се упатуваат во центарот со цел да се регистрираат лицата што доаѓаат од Сирија и другите земји зафатени со војни.

vrabotena-izbodena-do-smrt-2

Мезхер починала во болница откако претходно била нападната од момче со нож вчера утрото. Според полицијата, напаѓачот бил совладан од страна на другите бегалци во центарот.

Станува збор за 15 годишно момче кое било уапсено. Инаку, момчето живеело во центарот. Засега полицијата не дава никакви детали за националноста на момчето, а причините за убиството остануваат непознати.

vrabotena-izbodena-do-smrt-3

Во моментов центарот е затворен поради полициската истрага, а во него живеат околу 10 тинејџери на возраст од 14 до 17 години.

Поради истрагата, момчињата биле префрлени во хотел.