Македонија,Крими хроника

Вработена во „Македонски пошти“ уплатите ги ставала во џеб

Вработена во „Македонски пошти“ уплатите ги ставала во џеб

В.Ј. (45) од Кочани, вработена во Македонски Пошти доби кривична пријава бидејќи во два наврати паричните средства уплатени од страна на физички лица, во висина од 1.450 денари и 1.720 денари, наместо да ги внесе во благајна, ги присвојувала за себе. Уплатите ги сторнирала или истите воопшто не ги евидентирала.

Покрај ова, пријавената директно, со налози за исплата на готовина, подигала пари од трансакциската сметка на физичко лице, коминтент во Поштенска банка, кои подоцна со уплатници делумно ги уплаќала на истата сметка, при што на овој начин присвоила парични средства во висина од 39.200 денари.

Со противправни активности пријавената ја оштетила АД “Македонска Пошта“ Скопје подружница Кочани за вкупен износ од 42.370 денари, при што физичките лица во меѓувреме биле обесштетени од страна на АД „Македонски Пошти“- Подружница Кочани.