понеделник, 5 декември 2016  |  Вести денес: 70

Вработени 10 жени Ромки преку проект на МЦЖП Шелтер центар

проектот е финансиран Европска Унија и е во партнерство со ромска организација ДРОМ од Куманово и со Агенцијата за вработување на Македонија.

рома

Последни вести

Десет жени Ромки се вработија со помош на проектот „Поддршка за инклузија на жените Ромки и жените од другите етнички малцинства на пазарот на труд“, во организација на Македонски центар за женски права Шелтер центар.

Оваа бројка е половина од вкупно 20-те жени од маргинализирани заедници во Скопје, кои се дел од проектот.

– Нашата цел да и помогнеме на оваа категорија жени успешно се остварува и во другите два града каде проектот се спроведува – Куманово и Битола. Задоволството е огромно кога некому му помагаш да најде излез во животот, и пресреќна сум што резултатите се видливи: жените се интегрираат на пазарот на труд, вели Даниела Дабеска, директор на МЦЖП Шелтер центар.

За само неколку месеци, почнувајќи од април, дел од оваа маргинализирана група веќе се вработи, а останатиот дел одлучија да се надградуваат преку бесплатни курсеви за компјутери и англиски јазик, овозможени во соработка со Агенцијата за вработување.

За овие жени најголемо задоволство е што полека успеваат да ги разбијат бариерите, некои и самите си ги поставиле чувствувајќи се дискриминирани и неконкуретни на пазарот на труд. Важно е да им се даде ветер во грб.

Инаку проектот е финансиран Европска  Унија и е во партнерство со ромска организација ДРОМ од Куманово и со Агенцијата за вработување на Македонија.

Најчитани вести