Вработени 115 лица со попреченост преку проект на УСАИД

Вработени 115 лица со попреченост преку проект на УСАИД
Вработени 115 лица со попреченост преку проект на УСАИД
Во рамките на Проектот на УСАИД за практикантска работа и вработување лица со попреченост кој функционира од август 2012 година досега се вработени 115 лица, а 12 отвориле сопствен бизнис. Исто така, 73 лица имаат реализирано практикантски ангажман во различни приватни компании, јавни институции и невладини организации, соопштија денеска од УСАИД.

Овој проект работи на градење на капацитетите на лицата со попреченост за полесно да настапат на пазарот на труд, но и со компаниите и јавните институции за полесно прифаќање и адаптирање на овие лица на работното место.

– Досега преку проектот се обучени 417 лица на тема Стратегии за барање на работа на лица со попреченост, 49 лица со попреченост успешно ја завршија Обуката за претприемништво и 37 лица ја посетија Обуката за развивање креативни вештини на лица со попреченост. Од друга страна пак, 259 претставници ги посетија Обуките за менторско водење на лица со попреченост, се вели во соопштението од УСАИД.

За лицата со оштетен вид минатата година е издаден и Прирачникот за стратегии за барање работа на брајово писмо.

Во декември минатата година УСАИД го организираше првиот саем за вработување во Куманово специјално наменет за лицата со попреченост,а како што соопштуваат од УСАИД се планира да се организира уште еден до завршувањето на проектот во август 2016 година.