Вработени 59 поранешни професионални војници

Денеска во Министерството за одбрана, поранешните професионални војници во Армијата на Република Македонија потпишаа договори за вработување.

Вработувањето на поранешните професионални војници се врши согласно Законот за дополнување на законот за служба во Армијата на Република Македонија. Во соработка со Агенцијата за вработување на Република Македонија, стручните служби во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, утврдија дека станува збор за 59 лица кои ги исполнуваат условите утврдени со Законот за дополнување на законот за служба во Армијата на Република Македонија.

Поранешните припадници на АРМ на кои им беше утврден престанок на работниот однос заради навршени 35, односно 38 години согласно претходното законско решение и кои до 31 декември 2013 година имале статус на невработено лице, ќе бидат распоредени во организационите единици на Министерството за одбрана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.