Вработени го оштетиле „Емо Косел“ за речиси 600 илајди денари

Кривична за четворица вработени кои го оштетиле АД „Емо Косел“ на речиси 600 илјади денари.

З.Н.(56), магационер, Т.Ј.(55) и М.К.(55), двајцата обезбедување во АД „Емо-Косел“ добија кривична за „несовесно работење во службата“, а Т.В.(54) шеф на погон, за кривично дело „кражба“.

T.В ги зел клучевите на погонот-трансформатори и со непознато лице од магацинскиот простор одзеле 1.190 килограми бакарни фолии. З.Н. иако бил должен да ја контролира состојбата со материјалите на одговорните лица во претпријатието на одговорните лица во претпријатието не пријавил кусок на бакарни фолии. Т.Ј. и М.К. вршејќи други работи  го оставиле фабричкиот комплекс необезбеден, при што го оштетитиле  АД „Емо Косел“ за 585.295 денари.