Македонија,Крими хроника

Вработени на автобуска прелажале Сириец, ќариле 100 евра

Вработени на автобуска прелажале Сириец, ќариле 100 евра

ПС Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.Р.(27) и Т.Р.(28) од Гевгелија, за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

На четиринаесетти овој месец пријавените во својство на шалтерски работници на автобуската станица во Гевгелија на Сириец му продале седум возни билети на релација Гевгелија-Скопје, при што наместо 2.380 денари му наплатиле 140 евра,  а вишокот од  паричните средства во износ од околу 100 евра го присвоиле.