Вработени од Клиника за детски болести на обука во Германија

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести денеска ќе потпишат договор за грант во износ од 53.483 евра за програмата Еразмус+ кој се однесува на делот обука, усовршување и размена на добри практии.

Со средствата од грантот ќе се овозможи 30 дневна обука за 14 вработени во Детската клиника во Центарот за обука Regens Wagner Absberg во Германија.