Вработени во „Идризово“ дозволиле затвореник да излегува кога сака

Двајца 40-годишни мажи од Крива Паланка, вработени во затворот „Идризово“ добија кривични пријави поради сомнение дека  ја злоупотребиле службената положба и овластување.

Едниот од нив, без никаква правна основа донел усмена одлука со која осуденото лице Г.Ѓ. го одредил за курир, со што му овозможил почесто да излегува од затворот.

Вториот службеник, на 10 февруари од 11.40 до 13 часот, неосновано го ослободил истиот затвореник, за да се сретне со некои луѓе надвор од затворот.