вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 0

Вработени во Македонски железници шверцувале бегалци

Во истрагата е дознаено дека бегалците се договориле со машиновозачот да ги качи во возот за пари и поклон мобилен телефон.

begalci33

Последни вести

Вчера попладне кај железничката станица во село Дуброво, воз принудно запрел поради затворен сигнал кај железничка станица во Неготино. Токму тогаш, полициски службеници забележале како двајца бегалци скокнаат од возот. Набргу ги фатиле.

Во истрагата е откриено дека тие се M.A. (20) и M.Н. (20), двајцата од Сирија. Товарниот воз бил управуван од З.М. (51) од Скопје и Ѓ.Г. (53) од Скопје. Во истрагата е дознаено дека бегалците се договориле со машиновозачот да ги качи во возот за пари и поклон мобилен телефон.

Истиот ден на околу еден километар пред село Долни Балван во камион се пронајдени 40 бегалци од Сирија, меѓу кои повеќето биле деца. Тие уште вчера се пренесни во кампот кај Гевгелија.

Најчитани вести