Вработени во МНР се степале во канцеларија

Вработен во Министерството за надворешни работи, е повреден при физички напад од колега, додека ги извршувал работните обврски во објектот на министерството.

Според полициски информации, вчера во 16,40 часот, Т.Р.(41) од Скопје пријавил дека во 15.20 часот, во канцеларија во зградата на Министерството за надворешни работи на улица „Филип Втори Македонски“ во Скопје, физички бил нападнат од В.С., со кого ја делел канцеларијата, се вели во соопштението на МВР.

Според пријавата, додека Т.Р. извршувал работни задачи, В.С. го нападнал со повеќе удари со тупаници во пределот на главата и телото.

На Т.Р. му била укажана лекарска помош во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.