Вработени во московската подружница на Дојче банк осомничени за перење пари

Вработените во московската подружница на Дојче банк се осомничени за перење пари, соопштува германскиот портал „Менаџер магазин“, пренесува ТАСС.

Според соопштението банката го информирала властите за финансиска регулатива во Германија дека Московската подружница најверојатно е вклучена во перење пари со сомнително потекло од пазарот со деривати. Се проценува дека станува збор за суми од неколку стотици милиони евра.

Централната канцеларија на Дојче банк веќе спроведува внатрешна истрага и експери од Лондон и Њу Јорк се поканети. Околу десетина вработени се суспендирани од работното место, додека трае истрагата.