Вработени во њујоршкиот аеродром штрајкуваат поради опасност од еболата

Околу 200 вработени задолжени за чистење на патничките авиони на њујоршкиот аеродром „Ла Гвардија“, штрајкуваа вчера поради опасноста од заразување со вирусот ебола, објави МИА.

Вработените сметаат дека не се доволно заштитени од можната зараза со смртоносниот вирус, бидејќи не добиле специјални заштитни маски и ракавици.

– Ние сме првите, кои сме изложени на ризикот да се заразиме со вирусот на ебола, бидејќи ги чистиме тоалетите, изнесуваме ѓубре и други случни активности, изјави еден од вработените.

Штрајкот не се одрази на работата на аеродромот.