Вработени во ПОЦ делат пропаганден материјал на СДСМ (ФОТО)

Откако пред два дена СДСМ најгрубо ја злоупотреби администрација во Струмица за политички цели, партијата на Зоран Заев продолжува и понатаму скандалозно да ги злоупотребува вработените  во јавниот сектор, спротивно на Законот за вработени во јавниот сектор и спротивно на Законот за административни службеници, пишува „Курир“.

Според фотографии кои се појавија на социјалните мрежи, вработени во општинското претпријатие за паркинзи при Општина Центар (ПОЦ), со која раководи опозицискиот градоначалник Андреј Жерновски, а директорува првиот човек на СДСМ Центар Саша Богдановиќ, се фотографирани како делат пропаганден материјал на СДСМ.

Покрај злоупотреба на администрацијата, ова претставува и грубо кршење и на изборниот законик, предвремено влегување во кампања и кршење на членовите од Законот за вработени во јавниот сектор и Законот за административни службеници.

poc-5640

–Вработените во текот на работното време не смеат директно да учествуваат во изборни активности или во други јавни настапи од таков вид, се вели во член 3 од Законот за вработени во јавниот сектор.

poc-6

Во член 3 од Законот за административни службеници  стои дека искажување и застапување на политичко уверување во вршењето на работните задачи, учество во изборни активности или други јавни настапи од таков карактер во текот на работното време претставува дисциплински престап.

poc-3

-Искажување и застапување на политичко уверување во вршењето на работните задачи, учество во изборни активности или други јавни настапи од таков карактер во текот на работното време, доведување во прашање на својот статус на административен службеник со вршење на партиски активности, носење или истакнување на партиски симболи во работната просторија, стои во членот 3.

poc-2

Според Кодексот на административни службеници, административниот службеник не го застапува и изразува своето политичко уверување во вршењето на службените задачи и не врши политички активности, што можат да ја поткопаат довербата на граѓаните во администрацијата и во институциите од јавниот сектор.

 

poc-4