Вработениот во МВР ќе се гони за нудење поткуп од 100.000 евра

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против службено лице.  Ќе се гони вработен во МВР кој нудел 100.000 поткуп за потенцијален сведок, пишува „Курир“.

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против едно лице вработено во МВР, а за сторено кривично дело незаконито влијание врз сведоци. По ова Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги презеде сите потребни дејствија за утврдување на фактите во предметот.

Притоа е утврдено дека постои основано сомнение дека осомничениот го сторил кривичното дело што му се става на товар, односно дека со нудење поткуп на едно лице, а со цел да се појави како сведок во постапка пред суд и да даде исказ во определена насока, соопшти ОЈО.

Денеска надлежниот обвинител, по завршување на постапка и целосно расветлување на настанот, до надлежниот Основен суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен предлог против обвинетиот за сторено кривично дело незаконито влијание врз сведоци од член 368-а, ст. 1 Кривичниот законик.

Обвинителите на Јанева вршат торура врз сведоци

Дел од тимот на Јанева како подготовка на реализацијата на сценариото на Заев отпочнал и со конкретни активности. Изминативе денови спротивно на законот стартувале со притисоци и закани кон поединци, нелегални повикувања и забрани за присуство на адвокат при сослушувањето на лицата.

Но во меѓувреме, голем број на граѓани се охрабрија да го пријават незаконското работење на СЈО и поднесоа кривични пријави во кои тврдат дека обвинителите на Јанева врз нив вршеле силен притисок, им се заканувале и ги заплашувале без присуство на адвокат и без вклучени камери.

Гледаш ли Никола Груевски што прави од државата и како не уназадува? Ти имаш фамилија, соработувај инаку ова нема тука да застане“.

На ваков начин…