Вработените на Фершпед незадоволни од теророт на Наков во компанијата

Вработените во Фершпед, до редакцијата на Нетпрес испратија отворено писмо во кое изразуваат незадоволство од работењето на нивната компанија. Редакцијата на Нетпрес се оградува од ставовите на вработените изнесени во писмото, но во интерес на информирање на јавноста го пренесуваме дописот во целост:

„Поттикнати од вчерашните вести за одредени случувања во Основен суд 2, решивме јавно да го искажеме ставот кон нашиот “ценет” газда Драган Наков.

Сите ние што застанавме на страна на семејството Наков во битката со Кираца Трајковска излеговме најголеми магариња! Ги подржавме лоповите Накови за сега да не бркаат од работа, секој месец да ни кратат од плата и да не казнуваат без причина. Сега веќе ништо не ни остана, сега се плашиме од уцените. Затоа јавно кажуваме дека е време Накови да дадат отчет.

Како со парите на Фершпед ги враќаат позајмиците на оние роднини од кои позајмија во Јануари?! Како мислат да се раздолжат со Стојан Настевски?! Како Фершпед тоне, а со него тонеме и ние и нашите фамилии?! Да обелоденат како во текот на август месец оваа година Фершпед даде позајмица од 6.600.000 ден. на Наташа Милева, Марина Симоновски и Снежана Митевска(блиски луѓе на Драган Наков). Сигурни сме дека истите позајмици во истиот момент им се врачени во кеш на таткото и синот Накови. Да дадат отчет не само за овие, туку за сите исплати и трансакции направени под сомнителни околности преку Лотарија, Фершпед и Сковин насочени на физички и правни лица. За Драган Наков очигледно е дека најбитно ми е да лапне провизија од фирмите,да ја пропадне Фершпед и да ги стави парите во свој џеб.

Како спијат тие луѓе?

Нас вработените (особено Драган Наков) не уништуваат, пцујат и буквално тероризираат, а со наши пари се богатат и ги развиваат матните бизниси. Со навреди, пцости и буквален терор кој го трпиме години наназад, плашејќи се јавно да го кажеме нашето незадоволство. Страв дека ќе не уништат! Кога ќе дојде крај на сето ова? Ќе дојде набрзо времето кога се ќе се обелодени, секоја матна трансакција, секое зло нанесено врз многу семејства. Ги повикуваме сите што имаат било каква информација за сомнителните зделки на Штерјо и Драган Наков да решат јавно да се изјаснат пред МВР, Финансиска полиција и медиуми, пред да биде предоцна за сите нас. Сите да дознаат како Накови се збогатија и ден денес се богатат на наш терет,а во исто време континуирано и свесно уништувајќи го Фершпед и нашите години и труд вложени во компанијата.

Во прилог ви ја доставуваме оставката на еден од најстручните и најценетите менаџери, за сами да се уверите што се случува во некогаш најуспешната компанија во Македонија.“

otkaz 1 (sreden)

otkaz-2-sreden

otkaz-3-sreden