Вработените на Ким се жалат: Таа им наредува на луѓето како да се робови

Ким Кардашијан се прослави  со големиот задник, но се чини дека сега ниту нејзе не и’ се допаѓа големината на нејзината позадина. По второто породување таа очајнички се обидува да ослаби,  задникот се чини дека одбива да се смали.

Затоа, старлетата, целосно го промени својот имиџ, па во јавноста не излегува без долга јакна која ја носи симната на половина рамо.

Нејзината желба е папараците никогаш да не го „фатат“ во објектив задникот ако претходно не е затегнат и ретуширан на фотографиите.

Радар Онлајн вели дека блиските соработници на Ким Кардашијан, се жалат на нивниот работодавец, бидејќи таа е постојано со променлив карактер и нервозна.

Им наредува на луѓето како да се робови, а таа кралица. Тоа нема ништо убаво да каже, постојано вика, се нервира ако на патот до огледалото и се најдат предмети или луѓе. Таа е променета, но не на подобро, вели добро изворот на сајтот Радар Онлајн.