Вработените од Еурокомпозит обвинуваат дека вицепремиерот ги тера уште шест месеци да работат без придонеси

Вработените од прилепскиот комбинат Еурокомпозит, како што најавија минатата седмица, во понеделникот поставија шатори пред зградата на Владита на Илинденска, каде што ќе останат протесно да кампуваат, бидејќи сѐ уште нема решение за нивните проблеми.

Како што велат, од Владата добиле само ветување за решение на проблемот што го имаат, но сѐ уште ништо не се презема по нивното прашање.

Покрај шаторите, на протестот може да се забележат и транспаренти со следната порака: „Европо, Анѓушев не тера уште шест месеци да работиме без придонеси. Парадокс.“

Синдикалните организации денеска од разни локации маршираа низ Скопје, а крајна нивна дестинација беше Владата. Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Дарко Димовски, ги достави барањата на синдикалците до Владата на Република Македонија.

„Ова е нов почеток на враќање на довербата во синдикалното движење. Ќе се справиме со сите што ќе ги издадат работничкото движење и Синдикатот“, рече Димовски пред да ја достави и официјало Декларацијата со барањата до Владата.