Вработените во „Еурокомпозит“ од денеска во штрајк

Грција: Вработените во јавниот превоз на протест
Грција: Вработените во јавниот превоз на протест

Вработените во прилепски „Еурокомпозит“ во понеделникот повторно излегоа на протест поради неисплатени плати и придонеси за пензиско и здравствено осигурување.

Владата на СДСМ, но и Зоран Заев лично повеќепати досега ветуваа дека проблемот со фабриката ќе биде решен, а вработените ќе си ги добијат своите плати и придонеси, но истото се покажа како лажно предизборно ветување. Вработените кои веќе со месеци се предмет на манипулација од властите по вторпат излегоа на протест.

Протестот кој започна денеска се очекува да продолжи и во вторник и во наредните денови, доколку повторно вработените не бидат предмет на уцени и закани да не смеат да излезат. Премиерот Заев на состанок со синдикалните претставници на „Еурокомпозит“ одржан пред вториот круг од локалните избори на 24.10.2017 година, вети дека владата на следната седница ќе донесе одлука за исплата на една плата на вработените на препријатието и ќе ссе погрижи за негово рестартирање.

„Следната недела на владина седница ќе се донесе одлука за обезбедување средства за една плата на вработените во Еурокомпозит. Веќе активно се разгледува можноста за решавање на егзистенцијалното прашање на вработените кои со месеци не примаат плата, преку Законот за материјално обезбедување невработени лица, поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата“, стоеше во владиното соопштение од пред две седмици.

„На средбата, синдикалните претставници беа информирани дека вработените во претпријатието ќе земат една плата, средствата од 10 милиони денари, следната недела. Се разгледува колку средства се потребни за набавка на потребните репроматеријали, за да се овозможи производство, што е во план исто така да биде обезбедено“, стои понатаму во соопштенито од Владата.

Поминаа 13 дена од ветената една седмица, а вработените немаат ниту плата ниту најава за решавање на нивниот проблем. Вработените се чувствуваат предизборно измамени и искористени за продавање на евтин популизам од страна на владата. Од извори од терен дознаваме дека врз вработените се врши притисок да не излегуваат на штрајк.