Вработените во „Фени“ ја добија октомвриската плата

Global Special Opportunities Ltd. (GSOL), компанијата што има договор за преработка на руда со „Фени“, им ја исплати октомвриската плата на вработените. Сите 748 вработените на ФЕНИ Индустри го добија месечниот надоместок за месец октомври. Октомвриската плата беше влезена и во стечајната маса. Исплатата на платата беше договорена во соработка со гранковиот синдикат СИЕР.

Со потпишувањето на договорот за повторно започнување на производството на „Фени“ по јавниот повик од стечајниот управник, ГСОЛ ги задоволи сите барања и уплати финансиски средства од најмалку 10 милиони евра за да го гарантира исполнувањето на своите обврски според договорот.

Дел од овој договор е рестартирање на производниот процес, обезбедување плати за вработените и покривање на сите трошоци, како и обезбедување на сите ресурси потребни за рестартирање на производниот процес.

Со исплатата на октомвриската плата за вработените, ГСОЛ покажаа дека се посветени на иднината на „Фени“ што вклучува соработка со вработените во „Фени“, транспортерите и сите други добавувачи, се со цел да се воспостави стабилен и континуиран производен процес а со тоа и да се обезбеди просперитет за сите засегнати страни од состојбата на „Фени Индустри“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.