Вработените во Гугл одбиле да работат на проект за Пентагон

Американскиот технолошка компанија Гугл нема да го обнови договорот со Пентагон за соработка на проект за  вештачка интелигенција, изјавија денеска извори од компанијата .

Оваа одлука следеше по силното спротиставување на вработените во технолошкиот гигант.

Голем број вработени во Гугл дадоа отказ, а повеќе од илјада други потпишаа петиција во знак на протест поради нивното учество во пентагонскиот проект познат како „Мајвен“.
Работниците изразија загриженост дека ова е првиот чекор кон употребата на вештачката интелигенција за смртоносни цели. Гугл не  објави официјално соопштение.

Според извори од компанијата, директорот Дајан Грин им кажала на вработените дека нема да има обновување на договорот со Пентагон по истекот на постојниот .

Меѓутоа, новинарката на порталот за технологија „Гизмодо“, Кит Конгер изјави за ББЦ дека Гугл не го откажал проектот „Мајвен“ и дека сè сугерира дека тие не ја исклучуваат можноста за идна соработка со војската.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.