Кампањата за здрава храна на Владата на дело кај министерот Ставрески, вработените во Министерството за финансии од денеска се едуцираа за здрава храна.
Денеска во присуство на министерот и вработените нутриционистката Тања Турунџиева држеше предавање за здрава исхрана.
Ова предавање, како што информираат од Министерството, е прво од низата предавања кое министерството ги организира за своите вработени секоја недела со цел јакнење на корпоративната култура.