Вработените во прилепски Еурокомпозит штрајкуваат

Вработените во прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ го реактивираа штрајкот, бидејќи, како што велат, не е исполнета Спогодбата потпишана на 28 јули меѓу генералниот директор, Владата и Гранскиот синдикат за индустрија, енергетика и рударство за навремено исплаќање на платата.

Според Влатко Чурлиноски, претседател на синдикалната организација на наменската фабрика „Еурокомпозит“, со Спогодбата, работниците до 25 јули требаше да добијат плата за јануари оваа година. Синдикалната организација бара од Владата итно да се реши ситуацијата во последниот загубар во државава.

Во „Еурокомпозит“ има околу 250 вработени, а фирмата им нема платено пензиско осигурување последните пет години.