Вработените во ресторани за брза храна во САД штрајкуваат за повисоки плати

Вработени во синџири за брза храна во САД штрајкуаат за зголемување на платите и право да учествуваат во синдикати.

Десетици вработени во синџири за брза храна во Мајами, Њујорк, Чикаго, Хјустон и Лос Анџелес штрајкуваа во период од неколку часа со барање надоместот за еден час работа да се зголеми на 15 долари. Сегашниот надомест за еден час во „Мекдоналдс“ изнесува 7,99 долари.

Портпаролот на „Мекдоналдс“ Хајди Баркер изрази уверување дека рестораните не се затворени и дека не станува збор за штрајк, туку за собири организирни од надворешни лица.

Протести имало и во Лондон, Женева и во Париз како солидарност со колегите во САД, но не биле масовни.
Во Италија трите најголеми синдикати повикаа на штрајк за денеска.