Вработените во Железница ќе го добијат вториот дел од платата за декември

железница

Заради огромните проблеми со кои се соочи целокупниот железнички систем во минатата 2016 година кога поради блокадите на железничката пруга кај нашиот јужен сосед, Македонски Железници Транспорт АД Скопје претрпи директна загуба од 5 милиони евра, на што доколку се додаде и вратените долгови во износ од 15 милиони евра и исплатените заостанати 4,5 плати, во почетокот на оваа година повторно се соочува со одредени финансиски предизвици, наведуваат во соопштението.

Од компанијата најавуваат и дека во текот на наредната недела во соработка со Владата на Република Македонија треба да се финализира решението за подолгорочно решавање на состојбите во железниците во Македонија.

Поради неисплатените плати синдикатите во „Македонски железници – транспорт“ најавуваа протест.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.