Вработените во администрацијата на северно Косово добиваат плати и од Белград и од Приштина

Над сто Срби во северно Косово добиваат двојни плати и од Србија и од Косово, пишува денеска српскиот весник „Блиц“, цитирајќи го косовскиот весник „Коха Диторе“.

Според приштинскиот издание Србите кои работат во државната администрација во северно Косово со години наназад добиваат плати од институциите и од буџетот на Косово. Белград и Приштина засега изјавувале дека нема да запрат платите.