Вработување за 15.000 лица, нови 25 инвестиции

Нови 25 компании ќе донесат нови 15.000 работни места во Македонија.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски во синоќешното гостување во Сител 3.

Тој посочи дека минатата година во земјава пристигнаа 23 странски компании кои овде го вложија својот капитал.

Од странските инвестиции досега се отворени 13.000 директни нови работни места, а од новонајавените се очекуваат уште 15.000 нови вработувања.

Премиерот Никола Груевски за време на неговото гостување во емисијата „Јади бурек“ посочи дека за некои од најавените инвестиции веќе се потпишани договорите, а дел од нив веќе почнале и да ги градат своите капацитети.

Како такви го спомена компанијата Маркарт во Велес која отвори 600 нови работни места, КСС кои го потпишаа договорот планираат 800 вработувања, ОДВ Електрик-1.000 луѓе, Костал-1.000 луѓе, Амфенол кои планираат 2.000 вработувања, како и компанијата Антура која ќе инвестира во Кочани и се занимава со производство на семиња за цвеќиња.

-Оваа компанија кога дојде беше заинтересирана да инвестира во Струмица, но не добија најдобар прием и се префрлија во Кочани, нагласи премиерот Груевски.

Тој нагласи дека најзначајната фаза од странските инвестиции е да ја објават инвестицијата, додавајќи дека ретско се случува некој да се откаже од истата.

-За оваа година, очекуваме околу 25 нови компании да објават инвестици, некои може годинава и да почнат да градат, а некои ќе почнат со градба идната година, потенцираше Груевски.