Церемонии за врачување на Нобеловите награди во Осло

Церемонии за врачување на Нобеловите награди во Осло

Во Осло, Норвешка, денеска ќе се одржи церемонијата за доделување на Нобеловата награда за мир, чии овогодишни лауреати се четири граѓански асоцијации кои придонесоа за спроведување на демократската транзиција во Тунис.

Оружјето никогаш не може да биде решение, ниту во Сирија, ниту во Либија. Потребен е дијалог, без крв и без борци, изјави синоќа во Осло претседателот на туниската Лига за човекови права. Абдессатар Бен Муса, додавајќи дека примерот од Тунис, би можел да се употреби за ставање крај на конфликтите во Сирија и Либија.

Церемонии за врачување на Нобеловите награди во Осло
Церемонии за врачување на Нобеловите награди во Осло

Покрај Лигата за човекови права, овогодишни добитници на Нобеловата награда за мир се и Туниската конфедерација на индустријата, трговијата и занаетчиството, Тунискиот генерален синдикат на трудот и Туниската адвокастка организација.

Церемонијата ќе се одржи попладнево во Градското собрание на Осло и на неа ќе присуствуваат и норвешкиот крал Харалд и членови на Владата на Норвешка.

Нобеловите награди за медицина, физика, хемија, книжевност и економија ќе бидат доделени подоцна попладнево на церемонија што ќе се одржи во шведскиот главен град Стокхолм.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.