„Вранецот“ ќе биде субвенциониран со 3 денари по килограм грозје

Оваа одлука, според министерот, е донесена по средбата со винариите на која информирале дека ќе го намалат откуп на грозјето бидејќи, како што истакнале, на европскиот пазар била понудана пониска цена поради големиот наплив на вина од многу замји.

Имаме и голем притисок за откуп на сортата „вранец“ имајќи предвид дека таа е веќе стасана, и треба да се откупи во наредните неколку дена. Доколку не неправиме да се откупи,  постои можност да остане на лозовите плантажи. Владата на РМ на седницата која се одржа вчера  донесе одлука да го стимулира откупот.

Според министерот, се предвидува да се откупат околу 30 до 35 милиони килограми „вранец“.

Цетков информираше дека до вчера откупени се над 43 милиони килограми грозје од кои 26 милиони се од сортата „вранец“, а останатите се други видови грозје.

На прашањето за веќе набраното грозје од последниот викенд кое не е предадено во винариите, министерот рече дека проблемот настанал по дождот кога лозарите почнале со хаотичното берење на грозјето од страв дека нема да успеат да го предадат бидејќи винарските визби имаат одреден технолошки капацитет што можат да го примат.

– Од тие причини апелирам винариите и лозарите да се договараат кога да се бере грозјетo, рече Цветков и додаде дека грозјето кое нема да биде предадено ќе се преработува во дестилат.

На прашањето за тоа дали се намирени долговите на винариите кон лозарите, Цветков рече дека винаријата Повардарие ги намирила сите побарувања кон лозарите кои директно го предале грозјето во винаријата, додека друга винарија која имала долг од над еден милион евра не ги исплатила лозарите и и укината и е лиценцата.

– Оваа година таа винарија нема да може да откупува грозје, потенцира министерот Михаил Цветков.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.