Вранишкоски денеска отпатува за Русија

Јован Вранишкоски денеска отпатува за Русија каде извесен временски период ќе престојува во Санкт Петербург.

Тој ќе престојува во Русија по покана од Неговата Светост Патријархот московски и на цела Русија г.г. Кирил, и за сето време на престојот ќе биде официјален гостин на Светејшиот Руски Патријарх.

Како што претходно беше соопштено, Руската и Српската Православна Црква го поздравија и ја искажаа својата радост од ослободувањето на Вранишкоски од затворот Идризово, кадешто, до ослободувањето, се наоѓаше 3 години и еден месец.