Вранишковски ќе излезе од затвор на Водици?

Јован Вранишковски ќе биде ослободен на Водици доколку ниту една од странките не упати жалба на решението кое судот денеска го доставил до затворот во Идризово.

Од скопскиот Кривичен суд за Прес 24 потврдуваат дека издале вакво решение на барање на најголемиот скопски затвор. Според информациите, затворот во Идризово побарал Вранишковски да биде ослободен бидејќи се ресоцијалирал и со одлежувањето на половина од затворската казна го стекнал правото за тоа, односно од пет ипол годишната затворска казна, има одлежано три години и два месеца или повеќе од половината.

Од Судот велат дека решението не е правосилно и дека во тек е жалбениот рок. Доколку никој не поднесе жалба, Вранишковски ќе биде на слобода на 19 јануари.