Вранишковски останува во затвор

Јован Вранишковски денеска нема да излезе од затвор. Обвинителството во последен момент поднесе жалба на Решението за условен отпуст на Вранишковски.  Тој останува во затворот „Идрзово“ се додека Апелација не одлучи по жалбата на Јавното Обвинителство, пишува Вечер.

– Можам да ви потврдам дека претседателот на Кривичниот совет на скопскиот Основен суд 1 е известен дека Јавното обвинителство поднело жалба на одлуката за условен отпуст на Јован Вранишковски. тој ќе остане во затвор се до одлуката на второстепениот суд, односно апелацискиот, изјави за Вечер Дејан Ристовски, портпарол на скопскиот Основен суд.

Минатата недела од Обвинителството соопштија дека нема да поднесат жалба на одлуката за пуштање на свештеникот на слобода, но сепак ја сменија одлуката непосредно пред најавеното ослободување на Вранишковски.