Вранишковски со скандалозни изјави во српските медиуми

Верската припадност ми е поважна од националната. МПЦ може да добие само најширока автономија под јурисдикција на СПЦ , а создавањето на Македонската црква беше политичка одлука, вели Вранишковски во интервју за радио Белград, пренесува Канал 5.

Српската православна црква во преговорите што би почнале во мај не може да и даде автокефалност на Македонската православна црква и затоа она што е веќе дадено е крајната можност. Автономија под јурисдикција на СПЦ е она што го добила таканаречената Охридска  архиепископија на Јован и до таму може да се оди, вели расчинетиот владика.

На прашањето каква е поврзаноста на македонската црква и политиката на македонската државност , Вранишковски со одговор дека политиката ја создала црквата во Македонија и тоа со политичка одлука по Втората светска војна. Така се исполнила желбата за осигурување идентитет на македонскиот народ и под таков притисок во 1967 – мата дошло до изразување непослушност кон мајката црква, СПЦ,  од која насилно се одвоени териториите на Македонија, вели расчинетиот владика Вранишковски.