Вранишковски заминува во Русија на лекување

Руската и Српската православна црква го поздравија пуштањето на слобода на Јован Вранишковски.
Во заедничкото соопштение на Московската патријаршија и на СПЦ се наведува дека епископот Вранишковски деновиве ќе замине во Русија на лекување.
Јован Вранишковски вчера излезе од затворот Идризово, бидејќи Апелацискиот суд ја одби жалбата на Обвинителството за неговиот условен отпуст.
Вранишковски беше осуден на пет и пол години затвор за две кривични дела перење пари и затајување. Според пресудата, тој злоупотребил над триста илјади евра, црковни пари на три епархии.
Фото: Телма